Со месеци се шушкаше дека познатата двојка ќе се разведе, а сега се покажа дека тоа е вистина.
Најпознатата риалити двојка Крис и Брус Џенер се разведува. Извор за E! потврдил дека двајцата решиле да стават крај на бракот по 22 години.
„Веќе некое време се спремаше. Крис го прифати тоа и се фокусираше на други аспекти од животот. Очигледно тоа е тажна вест за целото семејство, но не е никакво изненадувањње. Сега секој има време да се прилагоди на новото секојдневие“, рекол изворот.
Крис и Брус откриле дека се многу посреќни откако почнале да живеат одвоено.
„Иако сме разделени секогаш ќе се сакаме и почитуваме. Нашето семејство и понатаму ќе остане приоритет број еден“, вели мајка и на Ким Кардашиан за нејзиниот втор сопруг.