Врската на заводникот Енрике Иглезиас и тенисерката Ана Курникова виси на конец.
Според пишувањата на американските таблоиди, на 31-годишната Курникова ѝ здодеало да го чека Енрике, со кого е во врска 12 години, да ја одведе пред олтарот.
„Во врска се 12 години и таа веќе не може да чека. Ќе го остави Енрике ако набрзо не преземе нешто. Многу долго се заедно. Ана има чувство дека бракот никогаш нема да се случи ако продолжат со вакво темпо. Спремна е да тргне понатаму, спремна е за чекор напред“, раскажал пријател на поранешната тенисерка.
37-годишниот пејач и Ана се запознаа во 2001 година на снимањето на спотот за хитот „Escape“. Од тогаш се нерзделни, а иако ја чуваат приватноста, годинава се шушкаше дека ќе го кажат судбоносното „да“ во Мајами.
Ана веќе со години наводно носи огромен свршенички дијамантски прстен вреден 3 милиони фунти, но ниту таа ниту Енрике никогаш не потврдиле дека се свршени.