Славниот актер Ричард Гир и неговата сопруга Кери Ловел веќе година дена не беа уловени заедно во јавноста, а голем број на американски медиуми наведуваат дека двојката има намера да се разведе.
Бракот на славниот актер и актерка траеше 11 години, а пред тоа беа заедно 7. Тие го имаат тринаесетгодишниот син Хомер.
Според пишувањата на медиумите, причина за разводот е различниот начин на живот кој го живеат сопружниците. Имено, Ричард е будист кој сака мирен и спокоен живот, а неговата сопруга сака почесто да излегува и да се забавува.
Инаку, Ричард Гир зад себе веќе ма еден пропаднак брак, и тоа со манекенката Синди Крафорд, кој траеше од 1991 до 1995 година.