Убавата актерка открила дека сегашниот свршеник и се допаднал на прв поглед, но дека морала да вложи половина година за да излезат на прв состанок.
Актерката Оливија Вајлд, која е свршена со колегата Џејсон Судеикис, открила дека буквално го прогонувала додека не завршиле заедно.
„Се запознавме на една забава. Беше многу шармантен и супер танчер. Јас го сакам тоа. Не ми го зема бројот иако цела вечер ја поминавме заедно“, открила актерката.
Додала дека половина година правела се што може за да се најде во негово друштво и дека буквално го прогонувала по социјални настани.
„Еден наш заеднички пријател се изнервира и го напиша мојот број на хартија, му го даде на Џејсон и му рече: Ова е бројот на Оливија, искористи го. Тоа и го направи“, рекла Оливија за Us Magazine.