Целата нивна љубовна приказна е само за измама на јавноста. Реално, тие беа заедно едвај шест месеци и никогаш не живееја заедно, тврди извор близок на некогашната двојка.
Како што пишува српскиот весник „Informer“, хрватската пејачка Северина Вучковиќ и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ долго глумеле дека се вљубени и пресреќни заедно, но изгледа дека нивната страст згаснала пред да раскинат на почетокот на август годинава. Весникот наведува дека двојката последен пат водела љубов пред две години кога го направиле и детето – синот Александар.
„Тоа била нивната последна заедничка ноќ. Целата нивна подоцнежна љубовна приказна е само за измама на јавноста, поточно, обид на Северина да извлече што повеќе пари од Милан за бебето и трудот на Милан да ја сокрите вистината од јавноста за таа да не му прави проблеми. Реално, тие беа заедно само шест месеци и никогаш не живееја заедно. Таа во Белград доаѓаше само кога имаше работни обврски“, навел извор близок на некогашната двојка и додал:
„Северина инсистираше да се омажи за Милан по само 15 дена врска. Тој предложи да живеат заедно една година, а потоа да се венчаат, но таа го протолкува тоа како уцена. Од тогаш нејзина цел беше да забремени“.