Актерот Мајкл Даглас изјавил дека не постои криза меѓу Кертин Зета Џонс и него.
„Дали постои криза во мојата куќа? Не, сметам дека медиумите се во криза“, изјавил Даглас пред новинарите во Берлин.
„Ние сме одлично, Мојата сопруга и јас сме одлично. Моментално сме на мал одмор, но вие медиумите… Си давате за право да пишувате сешто“, додал Оскаровецот.
Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се во брак од 2000 година, а последните година дена се соочуваа со големи проблеми, меѓу кои тој патеше од рак на грлото, како и биполарното пореметување со кое се бори Кетрин.