Рози Ханинтгтон Вајтли земала одмор од нејзиното момче Џејсон Статам и тоа на Ибица.
Според Daily Mail, 26-годишната манекенка и 45-годишниот актер „земале одмор“ за да ги решат проблемите меѓу нив.
„Во прашање не е трета личност. Многу се сакаат и не ја објавија веста за раскинување затоа што се надеваат дека ќе ги решат сите проблеми. Многу се караа и на двајцата им трба простор. Покрај тоа се оддалечија, имајте на ум дека се разлика од речиси 20 години“, изјави пријател на двојката.
Оваа вест е изненадувачка затоа што се шушкаше дека Статам ја запросил Рози.
Тие се во врска од 2010 година, а првпат како двојка се појавија на фестивалот Коачела.