Моника Белучи се разведува заради азербејџански бизнисмен?

Италијанската актерка Моника Белучи и Венсан Касел неодамна потврдија дека ставаат точка на нивниот 14-годишен брак. Иако за многумина оваа вест беше шок, се чини дека убавицата веќе нашла утеха во азербејџанскиот бизнисмен Телман Исмаилов.

Моника и Телман наводно ја започнале романската пред четири години кога таа гостуваше во Турција на отворањето на еден луксузен хотел, кој се наоѓа во непосредна близина на комплексот чиј сопственик е токму Исмаил, пренесува азербејџанскиот портал Haqqin.az.

topelement

50-годишниот бизнисмен е познат по тоа што е голем женкар. За него се пишуваше во јавноста и кога за настапот на Џенифер Лопез на неговиот роденден плати дури половина милион евра.

- Реклама -