Хурем е четврти месец бремена

Ѕвездата на турската серија „Сулејман Величенствениот“, Мерјем Узерли, попозната како Хурем, по раскинувањето со вереникот Кан Атеш откри дека е бремена и дека планира детето да го одгледува сама.

Новинарката на весникот „Хуријет“ на почетокот на годината се зближила со актерката кога заедно работеле на едиторијал за весникот, а неодамна ја посетила во Берлин, каде што Мерјем се лекуваше од депресија. Новинарката дознала дека Хурем е бремена и тоа четврти месец.

„Дознав неверојатни рабори. Посериозни работи отколку што претпоставувавме. Најмногу ме шокираше тоа што ми откри дека е бремена“, рекла новинарката.

Мерјем неодамна ја напушти болницата во Берлин каде што се лекуваше од депресија по што излезе информација дека свршеникот ја изневерува и дека врската со него е минато. Меѓутоа, изгледа не е крај. Бебето најверојатно е на Кан Аташ…..

- Реклама -