Никој не знае каде исчезна омилената Хурем

Хурем ја напуштила болницата во Берлин и заминала во непознат правец. Никој не знае каде е.

Актерката Мерјем Узерли која ја глумеше омилената Хурем во турската серија „Сулејман Величенствениот“ полека се опоравува од депресија. Тоа е видливо на фотографијата што ја објави на Фејсбук и тоа по повод нејзиниот 30. роденден.

„Им благодарам на сите за роденденските честитки, секогаш сте со мене и ми пружате голема љубов. Уживам во природата и сум му благодарна на Господ за се“, напишала Мерјем.

hurem1

Иако јавноста не знае каде се наоѓа актерката, се чини дека повеќе не е во берлинската болница каде што се лекуваше од депресија.

Поради болеста на актерката, продуцентите од серијата ја откажаа соработката и доведоа друга глумица, Вахиде Гурдум, за улогата на Хурем.

- Реклама -