Ким Кардашиан ослабела 15 кг, но треба да симне уште толку

Новопечената мајка Ким Кардашијан сака да поминува време со ќерка ѝ, но повеќе од сѐ сака да ја врати старата линија.

Риалити ѕвездата Ким Кардашиан заработи милиони благодарение на нејзините славни облини и затоа е опседната со намалување на килограмите што ги додаде за време на бременоста.

kim_kardashian_bikini_7

In Touch пишува дека Ким во последните два месеци по породувањето симнала 15 килограми, а сега има да намали уште толку. Американските медиуми пишуваат дека Ким се крие за да може сите да ги воодушеви сите со нејзината линија затоа што бременоста ѝ беше исклучително тешка.

„Кога конечно ќе излезе надвор, сака да биде секси. Не оди брзо како што мислеше дека ќе биде. Многу внимава на нејзината тежина. Мрази како изгледа сега и сака повторно да биде слаба“, открил пријател на Кание Вест.

kim-kardashian-los-angeles

Ким е на строга диета и редовно вежба за да се врати во форма откако во јуни го роди нејзиното прво дете, девојчето Норт. Ким и нејзиното момче Кание Вест сѐ уште ја кријат ќерката од очите на јавноста.

- Реклама -