Се смирија Никол и Хамилтон

Петтото по ред раскинување на пејачката Никол Шерцингер и возачот на формула 1 Луис Хамилтон не траеше долго. Имено, еден месец откако медиумите објавија за нивното раскинување, парот се смири.

Наводно, Луис и се јавил на Никол и ја замолил да се најдат за да зборуваат за нивната врска, а во таа прилика се случило и нивното смирување.

Тие двајца во текот на раскинувањето беа во депресивно расположение, па медиумите веќе извесно време шпекулираат дека тие ќе се смират повторно.

Lewis Hamilton, Nicole Scherzinger

Несогласувањата биле предизвикани од честите патувања на Хамилтон, како и од обврските на Никол околку шоуто „X Фактор“.

Дали овој пат Луис конечно ќе ја запроси Никол останува да видиме со оглед на тоа што и двајцата имаат изјавено дека тие се совршени еден за друг.

- Реклама -