Реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ ќе заврши со снимање во 2015 година и тоа не по желба на семејството како што наведуваа некои извори, туку поради слабата гледаност.
Американското реално шоу кое ги следи животите на членовите на семејството Кардашиан на почетокот на 2015 година ќе прекине да се емитува. „Keeping Up With The Kardashians“ влезе во осмата сезона, но на гледачите изгледа веќе им здосади, па членовите на семејството тргнаа по свои патишта. Ким сака да му се посвети на семејството, а Крис Џенер има свое телевизиско шоу.
Анонимен извор наведува дека семејството заработило доволно пари и дека не сака да снима доколку тоа не е неопходно.