Нил Патрик Харис реши да се омажи

Американскиот актер Нил Патрик Харис, познат од серијата „How I Met Your Mother“, конечно ќе стапи во брак со својот партнер Дејвид Бертком, со кој е во врска седум години и има две деца.

Двојката одамна размислува да ја круниса својата врска, а после историската одлука на американскиот Врховен суд да го исфрли сфаќањето на бракот само како заедница меѓу маж и жена, тоа се наметнува како како неизбежен чекор, смета актерот познат по улогата на Барни Стинсон.

dads_nph_burtka

„Датумот се уште не е одреден , но бракот е неминовен“, изјавил Нил, додавајќи дека тоа е логичен чекор со оглед на тоа што тој и Дејвид веќе имаат и деца, близнаците стари три години кои им ги роди сурогат мајка.

- Реклама -