Кание Вест ја запроси Ким Кардашијан откако таа ја роди нивната ќеркичка Норт Вест.
36-годишниот рапер ја запроси риалити ѕвездата само еден ден по раѓањето на нивното прво дете, објави The Sun.
Двојката најверојатно ќе прави свадба во септември во Париз.
Кание иако ја запрсои Ким без свршенички прстен тој потрошил половина милион долари за прстен со редок црн дијамант како подарок за раѓањето на нивното дете.
Ким неодамна и официјално се разведе од нејзиниот втор сопруг Крис Хамфрис. Нивниот брак траеше 72 дена, а процедурата за развод две години. Ким беше мажена и за музичкиот продуцент Дајмон Томас од 2000 до 2004 година.