Бебето на Ким Кардашијан било во животна опасност

Ким Кардашијан се породила еден месец порано затоа што докторите сметале дека има прееклампсија.

„Us Weekly“ пишува дека Ким имала висок крвен притисок и докторите се сомневале на прееклампсија, па одлучиле да се породи порано. Ким била многу исплашена затоа што животот на бебето бил во опасност.

Нејзиното момче Кание Вест е горд на нејзината храброст и наводно сака што побрзо да се ожени со неа. Магазинот „People“ пишува дека свадбата е нивниот следен проект.

kim-kardashian-2-600

Иако имаше во план веднаш по породување да почне со вежбање за да ослабе, изгледа дека Ким ќе мора малку да почека затоа што докторите ја советувале да внимава на крвниот притисок и да мирува.

Прееклампсија вообичаено се јавува после дваесетата седмица од бременоста и се одликува со висок крвен притисок и зголемено количество на протеини во урината. Освен овие, карактеристични симптоми за прееклампсијата се следните, нагло отекување на рацете, нозете и лицето и нагло покачување на килажата, заради задржувањето на течности во организмот што беше забележливо кај Ким.

article-2337254-1A30F94E000005DC-692_634x1006

- Реклама -