Честитката на официјалниот профил на Бијонсе истовремено ги воодушеви, но и ги шокираше бројните фанови.
Објавата на Бијонсе на Facebook што им ја посвети на Ким Кардашијан и Кание Вест во која им честита за нивното новороденче за помалку од 10 минути имала дури 500 „шернувања“.
На фотографијата од Ким и Кание, Бијонсе напишала „Честитки“ реферирајќи за ќеркичката што двојката ја доби викендов.
Оваа објава истовремено ги воодушеви, но и ги шокираше бројните фанови затоа што веќе една година се шушка дека Бијонсе не може да ја поднесе Ким.
Сепак, ова беше убав чин од страна на поп дивата, а можеби навистина станува збор за вртење на нов лист во нивните животи затоа што и пред еден месец на Твитер објавија заеднички фотографии од Met Gala.
Освен на Facebook Бијонсе им честиташе на новопечените родители и на Tumblr. „Честитки за Ким и Кание. Уживајте во овие убави монменти заедно – Бијонсе“, напиша пејачката.