Пријатна средба со сегашниот и поранешниот љубовник

На доделувањето на наградите на Здружението на кантри музика „CMT Music Awards“ во Нешвил, Никол Кидман и сопругот Кит Урбан се сретнаа со нејзиниот поранешен дечко Лени Кравиц.

Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска меѓу 2003 и 2005 година, а наводно беа и верени. Десет години подоцна, Лени налета на Никол во Нешвил, и тоа во друштво на нејзиниот сопруг Кит Урбан.

Иако би можеле да очекуваме непријатности при средбите на сегашните и некогашните љубовници, сепак, оваа средба помина сосема поинаку. Холивудската убавица изгледала сосема воодушевено и не ја тргнала насмевката од лицето додека нејзиниот сегашен и поранешен љубовник се шегувале и разговарале.

Освен со позитивното расположение, Никол ги пленила присутните и со нејзиниот убав изглед. Црнот краток фустан и белите високи потпетици особени ги истакнаа нејзините долги и витки нозе.

- Реклама -