На Ким Кардашијан конечно ѝ се исполни желбата. Конечно и официјално е разведена од Крис Хамфрис.
Процесот за разведување меѓу двојката траеше многу подолго од нивниот 72-дневен брак, но сега конечно му дојде крајот.
Ким ги добила документите за развод од својот втор брак и сега во помалку стресна состојба ќе ја дочека на свет својата ќеркичка.
Крис ја обвинуваше Ким дека го искористила за публицитет и за зголемена гледаност на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ и барал од неа вртоглави 7 милиони долари „отштета“, а по речиси две години потпишаа примирје.
Сега Ким треба да се подготви за многу поважна улога. Ким наскоро ќе стане мајка,а на Инстаграм објави нова фотографија во бел фустан. Сега се прашуваме, дали по трет пат ќе застане пред олатарот, овој пат со Кание?