Кејт Аптон ќе ги тужи Victoria’s Secret

Токму кога јавноста помисли дека Кејт Аптон и  Victoria’s Secret се смирија, настана нов проблем.

Во продажба се појави новиот каталог на Victoria’s Secret на чија насловна се наоѓа Кејт Аптон. Меѓутоа, младата манекенка изјавила дека не потпишала нов договор со познатиот бренд за долна облека и дека тие искористиле нејзина стара фотографија.

345536_article23306201a0659fe000005dc403634x788_ff

Агентот на популарната манекенка изјавил дека е употребена фотографија од 2011 година, кога Кејт првпат се фотографирала за Victoria’s Secret , а потоа компанијата одлучи дека поради бујните гради сепак не се за нив.

Кејт Аптон и нејзиниот агент најавиле тужба против оваа компанија.

- Реклама -