Бијонсе очигледно прилично се лути на гласините за нејзината втора бременост. Пејачката за која се „шушкаше“ дека наскоро очекува уште едно дете – но ја крие веста ,објави гневен коментар на оваа тема на социјалните мрежи.
„Не можам да ги сопрам гласините и навистина не можам да ги менувам луѓето кои им веруваат. Се што можам да направам е да седнам и да се насмеам на овие патетични личности кои немаат што поинтересно да прават, освен да зборуваат за мене “, гневно го изрази своето мислење пејачката.
Потсетуваме дека во моментов Бијонсе е на светска турнеја. Откако, сепак го одложи концерт во Белгија, уште повеќе ја разгоре јавноста со гласините дека таа и Џеј Зи очекуваат второ дете.