Финалистката на последниот ВИП серијал на „Големиот брат“, Сораја Вучелиќ ќе стане пејачка. Како потенцијален вложувач во нејзината кариера се споменува продукциската куќа „Emotion“ која од старлетата направи ВИП личност.
Меѓутоа, од сево ова единствено е точно дека таа навистина овие денови ќе влезе во студио, а нејзиниот албум ќе го финансира анонимен богат шеик, со кој старлетата е во врска веќе неколку месеци.
„Сара го крие неговиот идентитет, но многу е вљубена. Се запознаа во јануари во Дубаи каде што работеше на кампања за фустаните „Mammu Couture Dubai“. Веднаш му се допадна на шеикот, а би можело да се рече дека тоа беше двострана љубов на прв поглед“, дознава српскиот весник „Блиц“ од извори блиски на Сораја.
Откако е со него Сораја внимава на своето однесување. Дури и станарите во куќата на „Големиот брат“ и замеруваа дека глуми светица.