Во што Џеј Ло никогаш не греши?

Џенифер Лопез успешно ја извршува работата на ѕвезда и речиси никогаш не греши кога е во прашање една работа.

Секогаш максимално дотерана и спремна Џеј Ло точно знае што треба да направи за да испадне беспрекорна на фотографиите. Лицето и нозете се нејзините најсилни адути со кои ни овој пат не погреши.

lo

Пејачката и актерка се појави на отворање на ноќен клуб во Лас Вегас во друштво на 18-години помладото момче. Малиот црн фустан го откри нејзиниот најсилен адут, покрај убавото лице, а тоа се истренираните танчерски листови и негувани нозе.

 

- Реклама -