Мич Вајнхаус смета дека Бијонсе требала сама да го обработи хитот на неговата покојна ќерка, Ејми Вајнхаус, „Back To Black“. Делот што го пее Андре 3000 го опишал како „страшен“.
Обработката на хитот на покојната Ејми Вајнхаус, „Back To Black“, на Бијонсе Ноулс и Андре 3000 од бендот „Outcast“, конечно е објавена. Баладата, за која музиката ја продуцираше сопругот на Бијонсе, Џеј Зи, ќе се најде на саундтракот на филмот „The Great Gatsby“ на режисерот Баз Лурман. Таткото на покојната пејачка признал дека е шокиран од обработката.
http://youtu.be/f0TCnPqSNAs
„Само што го слушнав делот на Андре во обработката на песната „Back To Black“. Страшно. Требал да ѝ препушти на Бијонсе таа да ја обработи сама“, напишал Мич.
Тој претходно изјави дека се изнандил кога слушнал дека Бијонсе ќе го препее хитот на ќерка му.
„Очекував дека ѕвезда како неа ги почитува туѓите авторски права. Нема да ѝ забранам да пее, но ќе барам голема отштета“.
Албумот со 14 песни ќе биде објавен во Велика Британија на 6 мај. На него се многу познати имиња. Погледнете ја листата: „$100 Bill“ – Jay-Z, „Back To Black“ – Beyonce i Andre 3000, „Bang Bang“ – will.i.am, „A Little Party Never Killed Nobody (All We Got)“ – Fergie + Q Tip + GoonRock, „Young And Beautiful“ – Lana Del Rey, „Love Is The Drug“ Bryan Ferry, „Over The Love“ – Florence + The Machine, „Where The Wind Blows“ – Coco O. of Quadron, „Crazy In Love“ – Emeli Sande i The Bryan Ferry Orchestra, „Together“ – The xx, „Heart’s A Mess“ – Gotye, „Love Is Blindness“ – Jack White, „Into The Past“ – Nero и „Kill And Run“ – Sia.