Бредли Купер и Рејчел МекАдамс фатени на дело

Холивудското небо е побогато за уште една актерска двојка.

Се чини дека на Бредли Купер му се допаѓа колешката Рејчел МекАдамс иако неодамна беше фотографиран како се бакнува на улица во Париз со неговата девојка Суки Вотерхаус. Бредли и Рејчел биле „фатени“ на ручек во Санта Моника, кој според непознат извор воопшто не наликувал на пријателски или деловен ручек.

„Поминаа заедно два часа. Зборуваа, се смееја и кокетираа. Нејзината рака беше околу половината на Бредли, а неговата на нејзиното рамо. Бредли не го тргна погледот од неа“, пренесува блогерот Перез Хилтон.

 

- Реклама -