Пејачката Лорин Хил има две недели да плати половина милион долари данок и така да избегне затворска казна.
Судот во Њујорк го продолжи рокот на Хил за плаќање на заостанатиот данок и го одложи изрекувањето на пресудата по три точки од обвинението за 6 мај.
Хил минатата година е обвинета дека не пријавила два милиони долари заработка, а некогашната членка на групата Fugees го призна тоа. Доколку биде осудена би можела да помине три години во затвор и да плати казна од 300 000 долари.
Нејзиниот адвокат тврди дека Хил за две недели ќе може да ги плати долговите, а дека тоа не го направила до сега затоа што се повлекла од јавноста.