Како Милан ја изненади Северина за роденден?

Северина вчера наполни 41 година, а нејзиното момче Милан ѝ приреди вистинско изненадување.

Милан Поповиќ веќе еден месец во тајност спрема изненадување за 41. роденден на хрватската пејачка Северина Вучковиќ. Освен уникатниот накит од бело злато, Милан наводно ѝ приредил уште многу изненадувања.

„За Севе се подготвува и забава на која ќе бидат повикани сите нејзини пријатели, а како шлаг на тортата ќе следи боженствено патување на кое ќе замине со Милан и Александар. Сетоа тоа го организирал Милан до детал, така што ништо нема да ја наруши нејзината успешна турнеја. Тој се потрудил овој роденден да ѝ биде незаборавен, особено поради тоа што во изминатиот период имаа турбиленции во врската“, изјавил за српскиот весник „Курир“ пријател на Милан.

 

- Реклама -