Српската пејачка Наташа Беквалац и манекенот Влада Вуксановиќ ги надминаа сите пречки и повторно уживаат заедно.
Гласините за нивното раскинување ги урна фотографијата што Наташа ја објави на Фејсбук.
На неа се гледаат Наташа и Влада како се одмораат во близина на Нови Сад.
Манекенот за неколку дена ќе отпатува во Лондон поради обврски со мастер студиите, а вљубената двојка го користи секој момент да биде заедно.