Антонио де ла Руа, поранешното момче и менаџер на пејачката Шакира, ја тужеше бидејќи се смета заслужен за нејзината успешна кариера. Како оштета тој бара 100 милиони долари.
Антонио вели дека тој имал голем удел во снимањето на нејзиниот албум „Hips Don’t Lie“, кој стана број еден во 24 земји од светот.
Двојката се заљуби во 2000-та година, во врска беше 10, а работно останаа заедно уште една година. Тогаш Шакира ја прекина соработката, а Де ла Руа започна да бара дел од богатството со кое се стекнала до тогаш.
Тој смета дека како работни партнери кои долги години макотрпно работеле на нејзиното пробивање во музичката индустрија го заслужува тоа, и истакнал дека нејзиниот договор кој го потпишала во 2008-та до Live Nation на десет години, вреди 300 милиони долари.
Шакира се уште се нема изјаснето, а моментално е во врска со фудбалерот Жерард Пике со кој има и син.