Зошто децата на Мајкл Џексон носеа маски?!

Ќерката на поп-иконата Мајкл Џексон, 15 годишната Парис, им раскажала на новинарите за животот и растењето покрај легендарниот татко.

Парис истакнала дека Мајкл бил сјаен татко и дека сите го обожавале. Таа денес живее заедно со браќата Принс (16) и Бленкет (11) во куќата во Лос Анџелес, а за нив се грижи бабата Кетрин (82).

743854547516acc5fa28d7389153203_orig

„Тој се трудеше да не образова и да не учи на добро, се однесуваше многу заштитнички кон нас“, изјавила Парис, а потоа објаснила зошто носеле маски во јавноста.

„Тој не сакаше јавноста да знае како изгледаме. Сакаше да ни го овозможи тоа што он никогаш го немал, нормално детство“, додала таа.

blog300409_mj

Нејзините и трошковите на браќата ги покрива фондацијата „Мајкл Џексон“, а во нив се вклучени и телохранители, две дадилки, готвач, домашни помошници и градинар, што вкупно чини 26.000 долари месечно . Покрај сето тоа, живеат во безбеден крај во кој се наоѓаат и други ѕвезди како Џастин Бибер и Бритни Спирс.

mj

И покрај богатството и статусот, Парис тргнала во „обично“ училиште бидејќи сака да има искуство како и сите нејзини останати врсници кога е образованието во прашање. За во иднина таа нема планови за влез во шоу-бизнисот, а нејзина амбиција е таа да постане кардиолог, бидејќи сака да им помага на луѓето.

Исто така, Парис планира обнова на ранчот на нејзиниот татко „Neverland“, како и да ги продолжи неговите проекти во кои им приредувал забави на болни деца во нивните тешки денови.

- Реклама -