Љубовната двојка Бредли Купер (40) и Ирина Шајк (29) го поминуваат заедничкиот одмор на островот Капри во Италија, а папараците ги сликаа „заљубените птички“ како разменуваат нежности покрај базенот.
Иако згодната манекенка и актерот се во врска веќе неколку месеци, се чини дека тие се заљубедни повеќе од порано со тоа што не се срамат да ги покажат емоциите во јавноста.
Папараците успеаа да го фотографираат на нивниот одмор во Италија додека покрај базенот разменуваа нежности.
Ирина и Бредли се запознаа во почетокот на мај, токму кога тие двајца ги завршија своите долги романси со претходните партнети.