Орландо Блум (38) бил виден како разменува бакнежи со десет години помладата Луиза Моралес, во еден ресторан на Малибу.
Популарниот актер во октомври во 2013 година се раздели со сопругата Миранда Кер и од тогаш го поврзуваа со бројни убавици. Сепак, ова е прв пат актерот да биде фотографиран со некоја девојка, по што конечно потврди дека ја заборавил австралиската манекенка.
Орландо не престанува да ја гледа заљубено убавата бринета и да ја бакнува, па се чини дека таа сосема го маѓепсала, а судејќи по фотографиите јасно е и зошто.
Бразилската убавица и манекенка дури и во вакво опуштено издание, без шминка изгледа заносно.
Инаку, Луиза гради успешна кариера и вон границите на својата земја, бидејќи глумела во неколику серијали и холивудски филмови.