Пред три години се повлече од музичката сцена со цел да се посвети на семејството, и од тогаш можеме да ја видиме многу ретко во јавноста.
Популарната Адел беше фотографирана од папараците додека минаната ноќ беше излезена во еден ресторан во Лондон. Таа изгледа опуштено во долг зелен капут, без шминка и со косата во реп. Судејќи според изразот на лицето, таа не е премногу среќна кога ги виде папараците.
Инаку, Адел наводно, во моментов работи на нов албум, кој целиот свет со нетрпение го очекува. Се шпекулира дека на неа во тоа и помага познатиот Фарел Вилијамс.
Пејачката се повлече од сцената во 2012 година, кога го доби синот Енџел со Сајмон Конецки.