Џонатан Рис Маерс е фотографиран во непрепознатливо издание оваа седмица во Лондон.
Актерот (37) кој некогаш мамеше воздишки, сега изгледа далеку од згоден убавец каков што го гледавме на црвениот килим.
Џонатан бил виден како бавно чекори по улиците на англиската престолнина, кога излегол од продавница носејќи сина кеса со шише алкохол, од кое што веднаш започнал да пие.
Со разбушавената коса, во сивата маица и откопчаните панталони ретко кој би успеал да го препознае. Фановите веднаш изреагираа и му посакаа да се врати на вистинскиот пат.
Откако стана славен на почетокот на 2000-те години, благодарение на улогата во филмот„Bend It Like Beckham“, ирскиот актер повеќе пати се обидувал да се излечи од зависност. Три пати завршил на рехабилитација, но и покрај проблемите со алкохолот, продолжи да остварува успеси на филмови и во ТВ сериите.
Познат е по улогата во серијата „Тудори“, а оваа година го очекуваат премиери на уште три филма.