Мила и Ештон го прошетаа бебето, за прв пат

Мила Кунис и Ештон Качер беа фотографирани од страна на папараците, и тоа, за време на својата прва семејна прошетка со четиримесечната ќеркичка Вајат.

Двајцата го одвеле бебето на плажа, каде заедно со пријателите го поминале целиот ден. Актерите одлучиле да го одгледуваат бебето без помош на дадилка.

„Сакаме навистина да го познаваме своето дете. Сакаме ние да сме оние кои знаат што треба да се направи кога таа плаче. Да бидеме сведоци на секој момент од нејзиниот живот и да сме емотивно поврзани со неа. Единствениот начин  да се случи тоа, е доколку самите се грижиме за неа “, изјави во интервју Качер.

Ashton_mila_baby2 Ashton_mila_baby3

- Реклама -