Познатата манекенка го покажа телото на плажа и предизвика бран реакции…
Два супермодела од деведесеттите години, Кејт Мос и Наоми Кембел се уште се многу популарни во светот на модата, без оглед на фактот дека и двете ја надминале 40-тата година.
И додека Кејт никогаш не била позната по здравиот начин на живот, фотографијата која го покажува нејзиното летување на Ибица навистина принудува да се запрашате што точно модната индустрија сака.
Кејт оваа година наполни 40 години, што во модниот свет е крајно време за пензионирање, но овој познат модел од „тронот“ не успеа да ја симне ни скандалот со кокаин, а и понатаму снима реклами за компании од кои извонредно заработува.
Кејт, според Форбс, минатата година заработила 5.7 милиони долари и е ставена на четвртото место на најдобро платени модели на светот, по Жизел Бунхен, Миранда Кер и Адријана Лима.
„Спојлерите“ околу стомакот и цигарата во рака за Кејт се модните додатоци на плажа, а мораме да признаеме дека нејзината 4 години постара колешка, Наоми, изгледа многу подобро.