Пред две години на британското кралско семејство му се случи вистински скандал кога Кејт Мидлтон беше фотографирана топлес.
А таков ист скандал избива и сега, бидејќи германското списание Bild објави фотографии од нејзиниот гол задник.
Фотографијата е направена за време на неодамнешната посета на принцот Вилијам и војвотката Кејт во Нов Зеланд и Австралија.
За ситуацијата да биде уште полоша, фотографијата од нејзиниот задник се најде во друштво на задниците на сестрите Кардашиан под насловот „Ким, Клои и Кејт- задници кои не „допреа“ минатиот викенд“.
Од кралската палата сеуште не коментираат за сликата.
Сепак Кејт ќе мора да научи подобро да ги крие своите интимни делови, бидејќи таа најдобро треба да знае дека е под „будното око“ на папараците.