Џенифер Анистон (45) и Џастин Тери (42) не беа видени заедно од декември, но во понеделникот беа забележани како излегуваат на заеднички ручек.
Џенифер во оваа прилика го носела вереничкиот прстен, чија вредност се проценува околу 500.000 долари.
Се чини дека оваа двојка 19 месечната веридба ја поминаа повеќе одвоено отколку заедно.
Тие почнаа да се забавуваат во мај 2011 година, а потоа Џастин ја запросил Џенифер за нејзиниот 41-ви роденден, во август 2012 година.
Џенифер повторно ќе глуми стоматолог во филмот “Horrible Bosses 2”, а Џастин се подготвува за улогата на полицаецот Кевин Гарвеј во серијата “The Leftovers” која од летово ќе се емитува на НВО телевизија.