Анџелина не можеше да одолее, па го „штипна“ Бред за задникот (Видео)

Анџелина Џоли и Бред Пит се појавија во одлично расположение на доделувањеото на Спирит наградите во Санта Моника, а актерката својот долгогодишен партнер не можеше да се воздржи а да не го „стисне“ дискретно за задникот нејзиниот иден сопруг.

Имено, додека Бред даваше изјави на новинарите, Анџелина во поминување не можеше да му одолее па „скришум“ го штипна по задникот. Се чини дека двојката која е заедно веќе 10 години се уште ја чува страста во врската.

440873_spirit-awards-foto-ap-2_f

Џоли подоцна изјави колку многу е горда на нејзиниот најдраг и на неговите работни успеси, додека на самиот настан Бред прими уште една награда за филмот „12 години ропство“.

Сепак, тие двајцата повторно не сакаа да откријат детали за нивното венчање, за кое изјавиле дека е само нивна тајна.

440874_spirit-awards-reuters-1_ff

- Реклама -