Ким Кардашиан ја дава целата љубов на својата ќерка преку бакнежи додека се подготвува за патување во Париз, Франција, од Њујорк.
Но познатата Ким се чини помалку загрижена за престојниот лет за време на чекирањето на ЏФК аеродромот.
Со Норт која изгледала преслатко во плавата јакна која наликува на мече, Ким не можела да оддолее а да не ги посипе со бакнежи нејзините обравчиња.
Ким и малата Норт биле придружени на аеродромот со нејзината мајка Крис Џенер, а Канје ќе им се придружи подоцна неделава.
Канје деновиве изјавил дека има само една работа за која жали во животот, која би сакал да ја промени, а тоа е неговата мајка да може да ја запознае неговата ќерка Норт.
Познатиот рапер израснал со својата самохрана мајка, и тие биле многу блиски. Донда Вест почина во 2007 годниа поради компликации на пластична операција.