Џастин Бибер е уапсен за возење под влијание и улични трки утрово во Мајами Бич, Флорида, по возењето на изнајменото Ламбурџини, изјави извор од полицијата на Флорида.
Познатиот 19-годишен пејач бил искочен со пријателите Калил Шариф и убавиот модел Шанел Џефрис. Началникот на полицијата Рејмонд Мартинез изјавил за медиумите: „Тестовите покажаа дека Бибер бил под влијание на дрога“. Исто така изјавил дека пејачот бил „некохерентен, неговите раце биле во џеб и пружал отпор при апсењето без насилство“.
Во меѓувреме, Џастин- кој наводно потрошил 75.000 долари за време на викендот во стрип клуб- неговиот дом во Калабасас, Калифорнија, беше претресен од полицијата минатата недела откога тој беше обвинет за пакосен „egg attack“ напад врз своите соседи, под сомнение дека поседува дрога.