Сталоне спремен за акција: Пристигна во Варна за снимањето на „The Expendables“

Остро реагираше кога беше објавено дека Брус Вилис побарал 4 милиони долари за да се појави во третото продолжение на „The Expendables“.

Лутиот Силвестер Сталоне дури на неговиот Твитер профил напиша: „Алчен и мрзелив…сигурна формула за неуспех во кариерата“ и „Вилис е АУТ..Харисон Форд е ИН!!! Одлични вести!!! Чекав со години за ова“.

article-0-1B2E1186000005DC-71_634x236

Но, изгледа дека актерот го оставил тоа зад себе и се врати на снимањето на последниот филм од франшизата. Актерот, кој го глуми Барни Бос, беше забележан како пристигнува на сетот во Варна, Бугарија спремен за акција со оружје на него.

67-годишниот актер се уште е во форма за снимање на жестоки акциони филмови. Покрај него во филмот глумат и легендите Арнолд Шварценегер, Харисон Форд, Џејсон Статам…

Погледнете дел од снимањето

article-2397345-1B5D8685000005DC-667_634x382

- Реклама -