Не помина долго време, а на Бијонсе веќе и здосади новата фризура.
По само една недела откако поп дивата се ишиша многу кратко, косата на Бијонсе повторно порасна.
Папараците ја уловија 31-годишната Бијонсе со нова фризура – кратка позади, а долга од страните. Многумина ја споредија со најпознатата фризура на поранешната Спајсица, Викторија Бекам.
Бијонсе беше уловена во опуштено издание како го напушта ресторанот во Мајами во кој била заедно со семејството, сопругот Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви.