Русокосиот буцко ги наследил сите гени од мајка му

Џенифер Гарнер и Бен Афлек секој слободен момент го поминуваат со семејството, а нивните деца секој ден се повеќе наликуваат на нив.

Од моментот кога славните ќе станат родители не можеме да не се запрашаме како ќе изгледаат нивните наследници. Во семејството Афлек-Гарнер очигледна е доминантноста на мајката која за сега јасно се отсликува на лицето на 6,5 годишната Вајолет која од неа ги наследила шармантните „дупчиња“ на образите. Малата Серафин го земала најдоброто и од двајцата, додека русокосото момченце Семјуел, кој има 6 месеци, на прв поглед е вистински мамин син.

Гарнер изјавила дека полната уста и светлата коса се сосема идентични на нејзините кога била мала. Но, актерката рекла дека нема ништо против Семјуел кога ќе порасне да личи на неговиот згоден татко.

Серафин - која наликува и на двајцата
Серафин – која наликува и на двајцата
- Реклама -