Фотографии од свадбата: Застана пред олтарот во црно-зелена венчаница

Викендов се омажи една од најпознатите пејачки во светот. Храбрата Тина Тарнер застана пред олтарот во црно-зелена венчаница со потписот на Armani и со Swarovski кристали.

73-годишната Тарнер се омажи за нејзиното долгогодишно момче Германецот Ервин Бах на приватна церемонија во Швајцарија.

article-2378734-1AFFF2DF000005DC-25_634x942

Таа го опиша бракот со нејзиниот продуцент како „прекрасно место“. Музичката легенда за магазинот Hello изјави:

„Тоа е таа среќа за која што луѓето зборуваат, кога конечно можеш да земеш воздух и да речеш „Се е во ред. Тоа е прекрасно место“.

article-2372582-1AECF5F4000005DC-906_638x423

На приватната церемонија присуствувале најблиските членови на семејството и пријателите, меѓу кои и Опра Винфри и Брајан Адамс. Тина Тарнер отстапи од традицијата и не облече бела венчаница, но затоа сите женски гости мораа да носат бело, а мажите црни костими со црни машни.

article-2372582-1AED20C2000005DC-620_640x663

Двојката, која пред да го каже судбоносното да беше во врска 27 години откако се запозна на аеродромот Хитроу, одлета на меден месец во Италија.

article-2372582-1ADB8E1A000005DC-521_638x473

- Реклама -