Едвард Фурлонг за влакно избегна затвор во понеделникот, откако во мај беше уапсен за насилство врз неговата поранешна девојка. 35-годишниот актер се појави во Судот во Лос Анџелес изгледајќи прилично истоштено и пропаднато, со отечени очи и неуредно собрана коса. Најмногу познат по неговата легендарна улога во „Терминатор 2“ некогашната ѕвезда е жив пример дека славата и парите можат да те уништат.