На седумдесетгодишниот милијардер Чарлс Сачи во моментов „му гори оган под нозете“ откако деновиве се појавија шокантните фотографии на кои се гледа како тој ја гуши неговата сопруга, познатата ТВ готвачка Најџела Лосон.
На фотографиите кои ги објавија „Sunday People“, прикажан е пар во жестока кавга, по што Сачи започнал да ја гуши својата сопруга најпрво со едната рака, а подоцна и со двете. Веднаш после тоа документирано е како 50-годишната готвачка го напушта ресторанот во солзи.
„Колку „храбро“ од страната на Чарлс Сачи што ја злоставува сопругата на јавно место и уште поминува неказнето. Срам да му е и него и на останатите гости во ресторанот“, гласел еден од многуте твитови инспирирани од овој ужасен настан.
„Беше шокантно да се гледа. Најџела беше преплашена и ужасната“, изјавил неименуван сведок.
Инаку, Најџела и Чарлс би требало во септември да ја прослават десетгодишнината од бракот. Ова не е прв пат да се забележи како милијардерот ја злоставува неговата сопруга. Минатата година тие беа фотографирани во еден ресторан додека Сачи и ја прекрива устата на Најџела со рацете.