Сигурно се сеќавате на згодниот градинар и љубовникот на Габриел Солис (Ева Лонгорија) од серијата „Очајни домаќинки“? Мислам, кој може да го заборави?
Џеси Меткалф дополнително се потруди уште подолго да ни остане во сеќавање. 34-годишниот актер е „уловен“ во Лос Анџелес на тренинг во парк и на општо задоволство на жените – без маица. Инаку, Џеси е љубител на боксот и секојдневно напорно тренира, што многу добро се забалежува.
Иако овие фотографии многу не израдуваа, факт е дека сепак најголема среќничка е неговата девојка, актерката Кара Сантана со која се сврши минатата година и со која ја дели љубовта кон вежбањето.