Топлото време и пријатните температури стигнаа во Њујорк, а славната мајка го искористи убавиот ден за прошетка со синот.
29-годишната Каролина Куркова привлече внимание со летниот и лежерен аутфит: кратки панталони во кои ги покажа долгите нозе и обична спортска маичка. Со оглед дека чешката манекенка е висока 1.80цм понекогаш се чини дека на нејзините нозе им нема крај.
Куркова уживаше со синчето Тоби. Инаку, таа во 2009 година се омажи со актерот Арчи Друри.
Погледнете ги фотографиите од градската прошетка на славната манекенка