Бијонсе и Блу Ајви се забавуваат на игралиште во Бруклин

Ако мислите дека децата на богатите и славните живеат под стаклено ѕвоно и никогаш не доаѓаат во контакт со други деца – се лажете. Барем кога семејството Картер е во прашање.

Малата Блу Ајви наводно живее како сите деца, а новинарот на New York Times, Чарлс М. Блоу, се воодушевил кога ќерка му му покажала фотографија од славната пејачка на игралиште во Бруклин.

Девојчето фотографирало интересна глетка, а таткото ја поставил фотографијата на Твитер со коментар: „Ќерка ми само што влезе дома без здив. Ги видела Блу Ајви и Бијонсе како се играат на игралиштето во нашата улица“.

- Реклама -